Жбогар: Да се спроведат избори без заплашување и насилство

12.10.2017 | 21:58
Прочитано: 862

Шефот на делегацијата на ЕУ во Македонија, амбасадорот Самуел Жбогар во пораката упатена преку неговиот твитер профил ги повикува политичките лидери и членовите на партиите  да ги спроведат изборите без заплашување и насилство.

Потсетуваме на важноста да се направи јасна поделба меѓу државните и партиските активности  пред, за време на и по изборите. Ние сметаме на државните институции како што е полицијата, независните институции како дик, како и граѓанското општество  да го исполнат својот дел од одговорноста за одржување  демократски, слободни  и фер избори, вели евроамбасадорот Жбогар. 



The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.