Ждрепката се смилува – Вардар доби скандинавски противник

19.06.2017 | 13:14
Прочитано: 12247

Ждрепката во Нион на Вардар му го донесе Малме за противник во второто коло од квалификациите во Лигата на шампионите.. 

Првиот натпревар ќе се игра во Шведска, на 11 или 12 јули, а реваншот е седум дена подоцна во Македонија. Вардар ќе биде домаќин во Струмица, бидејќи арената „Филип Втори“ ќе се подготвува за Супер купот меѓу Реал Мадрид и Манчстер Јунајтед на 8 август.  

Малме е актуелен првак на Шведска и лидер во новата сезона (со оглед дека шведското првенство почнува во април и завршува во ноември). 

Вардар почнува од второто квалификациско коло и ако успее да го мине ќе се пласира во третото каде што има уште позвучни екипи, како Ајакс, ЦСКА Москва, Ница, Олимпијакос итн.


Владко Арсов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.