Жените поретко добиваат лидерските позиции

17.02.2017 | 20:33
Прочитано: 2212
Стереотипите не изумреа, жените треба да седат дома, а мажите да работат. На Глобалниот самит на жени лидери беше истакнато дека токму оваа клаузула не им дозволува на жените да се истакнат и израмнат со мажите ниту по лидерски позиции ниту по висина на плата.  
 
„Интересно е дека податокот во рамките на школата за млади  лидери на претседателот Иванов, која се организира седум години, од вкупниот број на учесниици, околу 280, женските млади лидери се 50 проценти“ - вели Маја Иванова, сопруга на претседателот на РМ.
 
Жените на пазарот на трудот се активни насекаде и во последните 20 години се надминува јазот во однос на родовата еднаквост, велат присутните жени на самиот. Само 30 отсто од понежниот пол се инволвирани во технологиите и споредбено со мажите тие поретко се одлучуваат за отворање на сопствен бизнис. 
 
„Во политиката за разлика од приватниот сектор постојат квоти кои се загарантирани и таму дамите се добро позиционирани и се имаат изборено за своите места. Сме имале и дама водител на политичка партија.“ - вели Данела Арсовска, претседател на Сојуз за стопански комори
 
„Разликата е во примањето на платите и тоа е евидентна разлика меѓу платите во околу 30%“ - вели Валентина Тисоска, претседател на Здруженито на жени.
 
Според заменик на главниот и одговорен уредника на Телевизија 24 успехот во новинарството значи доследност до принципи истрајност и одбрана на вистинските вредности. 
 
„Новинарстот е јавна професија, ако не има на екраните не значи дека сме кариеристи и дека сме важни личности. Во новинарството е важно колку е тежок зборот. “ - вели Анета Додевска, уредник во Телевизија 24.
 
Првата жена во земјава Маја Иванова истакна дека жената со време докажува дека е најуспешниот нејчестиот и најупорниот борец кој е присутен во бизнисот уметноста дипломатијата администравијата културата новинарствотоНа Глобалниот самит во Скопје учествуваа повеќе од 40 жени лидери. Заедничко за нив е дека улогата на жената во сите сфери на општествениот живот е неоходна.

Христина Новеска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.