Жерновски исклучен од матичната партија

14.09.2017 | 12:05
Прочитано: 8873

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски е исклучен од органите и телата на Либерално демократската партија, потврдуваат партиски извори за телевизија 24. Од партијата појаснуваат дека одлуката на централниот одбор е статутарна, бидејќи таму е наведено дека ако член на ЛДП добие функција од друга партија или преминува во друга партија, тој е исклучен од сите тела и органи на партијата.

Одлуката да премине во СДСМ по добивањето на висока функција во централната власт, Жерновски не ја соопштил на партијата, а неговите довчерашни сопартијци дознале од неговиот фејсбук статус. Андреј Жерновски беше лидер на ЛДП од 2011 до 2015 година.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.