Жестока расправа во Центар за улицата на кејот

20.03.2017 | 18:44
Прочитано: 1129
Тензиите за изградбата на двонасочна улица, од градскиот кеј се префрлија во советот на Општина Центар. 
 
Со жестоки кавги, на моменти и навреди, советниците на општината расправаа за спорната градба. За едните денешната седницата била обид за дефокусирање на јавноста, додека за другите обид за спас на градското шеталиште. За советниците од ВМРО-ДПМНЕ планот за запирање на изградбата на улицата бил недоволно разработен, и го повикаа Жерновски да внимава со одлуките.
 
„Како и во сите локални единици, така и тука има два органа, градоначалник и совет и тие ќе се борат со сите сили да го стопираат, тоа што е започнато надвор од законот“ - изјави Андреј Жерновски.
 
„Никаде не е прецизирано каде не опфатен опфатот“ - изјави Илија Илијовски.
 
За дел од советниците, изградбата на улицата би била и оправдана доколку со тоа би се обезбедел пристап на брза помош и противпожарни возила.
 
„Велат дека мора да дојде брза помош, мора да дојде пожарна, ако тоа е опфатено со ова, тогаш во ред, ако не треба да го опфатиме.“ - вели Илијовски.
 
За градежниот инспектор, одобрението за градба е законски издадено. Градот Скопје во 2015 година го отстапил земјиштето кое е во сопственост на Република Македонија за да се гради улица, спорна за него е надлежноста, дали е на општината или на градот.
 
„Тие тврдат дека таа улица спаѓа во речното корито на Вардар. Ако е така, надлежноста треба да биде нивна, ако не тогаш надлежноста е на Центар“ - изјави градежен инспектор.
 
Изградбата на улицата и револтот на угостителите и загрижени граѓани, за време на викендот резултираше и со физички пресметки помеѓу нив. Угостителите велт доколку се продолжи си градбата ќе бидат приморани да стават клуч на вратите и со тоа да се доведе во прашање иднината на стотици вработени на скопскиот кеј.

Јован Ѓорговски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.