Жестоки реакции за осуда на агитацијата во средните училишта

16.03.2017 | 18:44
Прочитано: 4025
Видеото на кое директорот на прилепската гимназија “Мирче Ацев” ги повикува учениците да излезат на протест „За заедничка Македонија“ предизвика бура од реакции во јавноста. 
 
Универзитетскиот професор Ѓорѓи Тоновски вели дека е недозволиво директор на училиште  да врши агитирање на ученици и мора да има одговрност бидејќи се прекршени законот за средно образование и за заштита на децата. Училиштето во својата суштина, според Тоновски, мора да ја негува  војата единствена функција - воспитно-образовната.
 
„Злоупотребата на младите во вакви времиња е еднакво на злосторство, на тој начин вие не ја исполнувате своја задача како педагог кој ги оспособува младите за да се оценуваат себеси“, изјави Ѓорѓи Тоновски.
 
Реагираше и Првата детска амбасада „Меѓаши“. Оттаму велат велат дека на овој начин се злоупотребуваат средношколците кои наместо да учествуваат во креирање на образовните политики ги користат во партиски цели. 
 
„Никако притисоци, никакво наведување, тоа не се автентични младински гласови и правиме замена на она што е младинско учество и вклученост на млади во процес на донесување на одлуки со нивна инволвираност и манипулација во овој случај“, изјави Ана Битољану, „Меѓаши“.
 
Младинскиот образовен форум најостро ја осуди злоупотребата на учениците во политички цели. Велат, училиштето не е место за политичка пропаганда, туку за воспитание и наука. 
 
„Од член 109 па натаму се уредува политичко и верско агитирање или било какви други политички иверски дејствија во училиштата и ги повикуваме надлежните институции да реагираат и да ги казнаат оние кои направиле прекршок и ги употребуваат децата за политички цели“, изјави Александра Филипова од МОФ. 
 
Невладината „Транспаренси Интернешнл“ побара засилен инспекциски надзор од Државниот просветен инспекторат и Министерството за труд и социјална политика и порача дека  неказнивоста на злоупотребите на службената положба и политичката заштита над прекршителите на законот мора да престане.
 

Светлана Божиновска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.