Жртва на семејно насилство со своите три деца остана на улица

12.09.2017 | 17:24
Прочитано: 32338

Со три малолетни деца, без пари и без кров над глава, Благородна Димитриевска од Куманово е оставена на милост и немилост. Пред шест месеци го напуштула сопругот, бидејќи како што вели животот станал неподнослив, што од сиромаштија, што од меѓусебни кавги и обвинувања. Секој ден бара засолниште за да ја поминат ноќта и да ги заштити своите деца.

 „Морам да продолжам да се борам за нив, што дап правам. Тие се мои деца, како јас да ги оставам. На улица ќе живеам, ќе просам, но на децава ќе им донесам за јадење“, вели Благородна Димитриевска.

Помош досега вели добила само од неколку хумани луѓе. Привремено и нашле сместување, но трајно решение нема. На прагот на зимата проблемите очекува да станат уште поголеми.

Сите купуваат дрва ние ништо. Ниту за дрва, ниту за зимница, ниту за кров над глава не знам што ќе правиме“, вели Благородна Димитриевска.

 Најголема болка, раскажува Благородна е што на децата неможе да им обезбеди пристоен оброк.

Сите три кога ќе почнат да плачат... Многу пати сум помислила да си ги земам сите ти деца и некаде од мост. Да си го решам проблемот“, вели Благородна Димитриевска.

Често вели легнуваат гладни, а уште понеизвесно е како да се снајдат следниот ден. Во борба за егзистенција почнала да собиора старо железо и пластика, но поради тоа ја изгубила социјалната помош. Институциите вели останале неми за нејзиниот проблем.

Од социјалното не одбија затоа што имаме казна да вратиме социјална помош за 24 месеци. Многу често децата се гладни и болни“, вели Благородна Димитриевска.

Не пребирам работа, само да можам да заработам да ги прехранам децата.

Сакам да работам, тоа и во Социјалното им го кажав. Не сакам да живеам од социјална помош, бидејќи сум млада, здрава и права. Зошто да седам дома? - со овие зборови и со плачот на најмалиот Гаврил не испрати очајната жена која се надева дека надлежните нема да ја заборават и да биде само уште една тажна социјална приказна.

Само надеж дека сето ова еден ден ќе заврши, дека и ние ќе имаме кров над глава, работа и храна“, вели Благородна Димитриевска.

Од меѓуопштинскиот Центар за социјална работа – Куманово велат дека се запознаени со случајот на Благородна кој веќе е пријавен и во МВР каде има кривична пријава против сопругот за семејно насилство. Оттаму тврдат дека се обиделе да стапат во контакт со неа, но поради непостојаната адреса не можеле да ја лоцираат.



Сунаи Сабриоски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.