ЗНМ: Намерата на МПМ не е да ја решат кризата туку да ги згасне весниците

15.05.2017 | 11:09
Прочитано: 1539
Менаџментот на „Медиа принт Македонија“ ги одби барањата на синдикатот на новинарите вработени во весниците кои бараа да се сретнат со директорите во најкус можен рок и да се оддложи конкурост за вработување на новинари во новоформираната компанија Медиа Принт ДООЕЛ.
 
Добиле одговор дека средба со еден од директортите може да има дури во четврток, а огласот кој завршува сега во понеделник, нема да се пролонгира.
 
Целта на  Медиа Принт Македонија не е да ја реши кризата во компанијата, туку полека да ги згасне весниците преку постојано отпуштање на новинарите, обвинуваат од Здружението на новинари на Македонија. Велат дека ваквата одлука не е само кршење на работничките права на новинарите, туку е и удар врз слободата на медиумите. 
 
„Менаџментот нема храброст да признае дека неуспехот на компанијата е негов неуспех. Наместо да ги отстранат причините што ја произведоа кризата, тие брутално се пресметуваат со новинарите.“ - се наведува во соопштението на Здружението на новинари на Македонија. 
 
Од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници посочуват дека огласот за вработување на новинари во фирма со слично име а која е во сопственост на еден од директорите на МПМ, е доказ за последниот дел од пропаѓањето на оваа компанија.
 
„Во клучни моменти во кои се решава судбината на вработените, тие се ставени пред избор ’земи или остави’, додека сопствениците се зафатени или се на пат. Условите за вработување се на определено време, со што новите работници ќе бидат лесно уценувани со губење на работата доколку на каков и да е начин бидат оценети како неподобни“, стои во соопштението на Синдикатот. 
 
Лошата финансиска состојба во овие медиуми трае со години, а пред нова година новинарите излегоа на штрајк поради неисплатени плати. Последна исплатена плата имаат за февруари. Во меѓувреме се случија и промени во сопственичката структура.
 
This publication has been produced within the partnership with Osservatorio Balcani e Caucaso for the European Centre for Press and Media Freedom (ECPMF), co-funded by the European Commission. The contents of this publication are the sole responsibility of media partner Mediapool.bg and can in no way be taken to reflect the views of the European Union. 
 

Стојанчo Мицевски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.