ЗНМ со поддршка на штрајкот на новинарите на МПМ

17.02.2017 | 11:56
Прочитано: 886
Здружението на новинари на Македонија го поддржува штрајкот на новинарите на трите весници на издавачот „Медиа принт Македонија“. Преку соопштение, здружението го повика менаџментот на компанијата веднаш да ги исполни барањата на штрајкувачкиот одбор за исплата на заостанатите плати и хонорари.
 
„Ја повикуваме целата новинарска и медиумска заедница да го поддржи штрајкот на новинарите на веснициите „Дневник“, „Утрински“ и „Вест“ со цел да престане праксата медиумите да служат како средство за поткусурување заради интересите на сопствениците на медиумите и власта. Нивните политички и економски интереси не смеаат да се прекршат врз грбот на новинарите“, стои во соопштението на ЗНМ.

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.