ЗОИ 2018: Фуркад го одбрани златото во потера

12.02.2018 | 18:50
Прочитано: 577

Францускиот бијатлонец Мартин Фуркад триумфираше денеска во потера на 12,5 километри на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг и го одбрани златото од Сочи од пред четири години.

Фуркад беше за 12 секунди подобар од Швеѓанецот, Себастијан Самуелсон, а бронзата ја освои Германецот Бенедикт Дол.

Ова е втор златен медал за Французите на игрите во Пјонгчанг, а имаат и една бронза, а досега најуспешна е Германија со четири златни медали и две бронзени.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.