ЗОИ 2018: Хиршер победник во првата алпска дисциплина во Пјонгчанг

13.02.2018 | 09:45
Прочитано: 333

Австриецот Марсел Хиршер го освои златниот медал во првата алпска дисциплина од Зимските олимписки игри во Пјонгчанг - алпска комбинација.

За шесткратниот освојувач на светскиот куп, ова е прв медал на олимпијадите и прв за Австрија во алпска комбинација по пауза од две децении.

Сребрениот и бронзениот медал отидоа на контото на Франција. Алексис Пинтуро беше втор со вкупно заостанување од 23 стотинки, додека Виктор Муфат – Жанде се најде на третата позиција со нешто над една секунда побавно време од победникот.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.