ЗОИ 2018: Холанѓанката Јориен тер Морс со олимписки рекорд до злато во брзо лизгање

14.02.2018 | 18:35
Прочитано: 492

Холандската лизгачка Јориен тер Морс го освои златото на трката на 1.000 метри во брзо лизгање на Зимските олимписките игри во Пјонгчанг.

Тер Морс триумфираше со време од  една минута и 13,56 секунди и воедно постави нов олимпски рекорд.

Трката втора ја заврши светската рекордерка Нао Кодаира од Јапонија, а бронзениот медал го освои нејзината сонародничка Михо Такаги.

За Холандија тоа е петти златен медал на Игрите во Пјонгчанг.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.